• понеделник, 23 декември 2024

Гатузо потврди дека Милик сака да го напушти Наполи

Гатузо потврди дека Милик сака да го напушти Наполи
Неапол, 9 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, потврди дека напаѓачот Аркадиуш Милик е близу да го напушти тимот. - Тешко е да се најде некој подобар од Милик. Во секој случај, ако играчот е сигурен дека своето време во клубот е изминато и сака да ја промени ситуацијата, тогаш треба да го слушнеме ова. Не можете да држите некого против неговата волја, мора да ги почитувате желбите на играчот, изјави Гатузо. Во сезоната 2019/20, Милик одигра 29 натпревари за Наполи, постигна 13 гола. Претходно интерес за него пројави Јувентус. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 26-годишниот Полјак на 32 милиони евра. зс/

Остани поврзан