• вторник, 05 ноември 2024

Гасперини: Аталанта никогаш не била во така лоша физичка форма, но ја победивме Рома

Гасперини: Аталанта никогаш не била во така лоша физичка форма, но ја победивме Рома

Бергамо, 25 април 2023 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не е задоволен од физичката подготвеност на неговите фудбалери. Сепак, Аталанта синоќа во натпревар од 31. коло на италијанското првенство ја победи Рома со 3:1.

 

- Аталанта никогаш не била во слаба физичка форма, но за да дојдеме до резултат против Рома дефинитивно ни требаше одлична игра и бевме подготвени на тоа. Секој натпревар е единствен, треба да играте повеќе од 90 минути и со максимални сили. Требаше да играме добро во сите компоненти, бидејќи Рома е многу квалитетен тим, изјави Гасперини.

 

На седум кола до крајот на Серија А, Аталанта е седма со 52 бода. Рома е на 5. место со 56 бодови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан