• петок, 22 ноември 2024

Гарланд: Масaкрот во основното училиште во Увалде можеше да биде спречен, полицијата потфрлила

Гарланд: Масaкрот во основното училиште во Увалде можеше да биде спречен, полицијата потфрлила

Вашингтон, 19 јануари 2023 (МИА) - За време на нападот во основното училиште во Увалде, Тексас, кога загинаа 19 ученици и двајца учители безбедносните служби направиле премногу пропусти и трагедијата можела да се спречи или да се намали бројот на жртвите, се наведува во извештајот на Министерството за правда на САД објавен синоќа. 

„Одговорот на инцидентот со масовни жртви на 24 мај 2022 година во Основно училиште „Роб“ беше фијаско“, заклучи министерството. 

Во брифинг за јавноста по објавениот извештај главиот обвинител на САД Мерик Гарланд изјави дека „најблиските на жртвите заслужуваат подобро“. 

-Одговорот на безбедносните служби... во часовите и деновите по тоа беше неуспех што никогаш не требаше да се случи. Ако безбедносните агенции ги следеле општо прифатените практики во случај на активен напаѓач и отишле директно на напаѓачот да го запрат, би биле зачувани животи и луѓето би преживеале, изјави тој. 

Во извештајот се наведува дека службените лица и специјалците не реагирале брзо. Дозволиле да поминат 77 минити од моментот кога 18 годишниот напаѓач влегол во училиштето до моментот кога бил запрен, драгоцено време кога тој слободно одел по училниците и пукал по децата и учителите кои немале заштита.  

Извештајот е порачан од тогашниот градоначалник на Увалде кој неколку недели по трагичниот ден изјави дека се плаши дека се прават „прикривања“. Тој потоа беше отстранет од истрагите за тоа што се случувало на тој ден и кој ги носел главните одлуки. 

Извештајот сепак има свои лимити и не препорачува одговорност, што ја бараат родителите на загинатите дечиња. 

На посебна прес конференција синоќа, Кимберли Мата-Рубио, чија ќерка Лекси е една од жртвите, во солзи истакна дека семејствата на жртвите бараат одговорност за тоталниот неуспех на полицијата, како и реформи во законите за поседување и слободно носење на оружје во САД, за да се спречат вакви масовни пукања во иднина. кб/ сд/

Остани поврзан