• понеделник, 23 декември 2024

Гардијан: Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија

Гардијан: Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија
Лондон, 15 ноември 2022 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија и ќе може да учествува на Австралија опен. Според „Гардијан“, министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилс ќе ја укине тригодишната забрана за влез во земјата. За да го направи тоа, министерот мора да биде сигурен дека постојат убедливи околности кои дозволуваат лице со поништена виза да се врати. Да потсетиме дека Ѓоковиќ автоматски доби забрана за влез откако му беше укината визата. Минатата влада официјално го призна како закана за јавната безбедност бидејќи може да предизвика анти-вакцински чувства. Ѓоковиќ е 21-кратен освојувач на Грен слем турнири. зс/

Остани поврзан