• петок, 22 ноември 2024

Гардијан: Каталонски политичар призна дека движењето за независност не успеа

Гардијан: Каталонски политичар призна дека движењето за независност не успеа
Барселона, 1 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на парламентот на Каталонија вели дека внатрешните несогласувања и неуспехот да се обедини целото каталонско општество ја попречиле каузата за независност од Шпанија. Но, тој верува дека сепаратистите би можеле за првпат да освојат повеќе од 50 проценти од гласовите на евентуални регионални избори, пишува „Гардијан“. Богатиот регион во северна Шпанија најверојатно ќе одржи избори на почетокот на следната година, едногласно ја потврди минатогодишната пресуда на судот во Барселона, според која регионалниот лидер Ким Тора не смее да врши јавна функција во рок од 18 месеци поради кршење на изборниот закон. Тора за време на минатогодишната предизборна кампања одби да го отстрани транспарентот на кој пишуваше „Ослободете ги политичките затвореници и прогонетите“. Согласно законот на функционерите им е забрането да ги користат јавните згради за политичка пропаганда. Покрај забраната за извршување јавна функција, Тора ќе мора да плати и казна од 30.000 евра. Роџер Торент, претседател на регионалниот парламент и член на Каталонската републиканска левица, вели дека пратениците од Каталонија се уште можат да номинираат наследник на Тора, но изборите се најверојатен исход. Тора и неговиот претходник Карлес Пуџдемон, кој побегна во Белгија за да избегне апсење по организирањето референдум за независност во октомври 2017 година, спроведоа стратегија за отворено соочување со шпанската држава. Сепак, Торент рече дека Каталонската републиканска левица претпочита „реален“ и посеопфатен пристап. Претседателот на Парламентот истакна дека партијата ќе продолжи да преговара со шпанскиот премиер Педро Санчез за изнаоѓање политичко решение за каталонскиот конфликт. паг/    

Остани поврзан