• понеделник, 29 април 2024

Галант разговараше со Остин за иранскиот напад врз Израел

Галант разговараше со Остин за иранскиот напад врз Израел

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Израелскиот министерот за одбрана Јоав Галант разговараше со својот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, по иранскиот напад врз Израел, соопшти кабинетот на Галант.

Галант „го информираше секретарот за одбрана за одбранбените дејствија на Израел против иранскиот напад“, соопшти неговиот кабинет.

Израелскиот министер, исто така, му се заблагодари на Остин што стои на страната на Израел и „нагласи дека одбранбениот естаблишмент одржува максимална подготвеност против понатамошни обиди за напад“. јт/

Остани поврзан