• четврток, 26 септември 2024

Галант: Ние сме на почеток на нова фаза во војната

Галант: Ние сме на почеток на нова фаза во војната

Тел Авив, 18 септември 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана прогласи почеток на „нова фаза“ од војната против Газа, додека Израел го насочува својот фокус кон северниот фронт против борците на Хезболах во Либан, јави Ал Џезира.

Јоав Галант не ги спомна мистериозните експлозии на електронски уреди во Либан. Но, тој ја поздрави работата на израелската армија и безбедносните агенции, велејќи дека „резултатите се многу импресивни“.

По неколкумесечна војна во Газа, „центарот на гравитација се префрла на север со пренасочување на ресурсите и силите“, рече Галант.

- Ние сме на почеток на нова фаза во војната – тоа бара храброст, решителност и истрајност, рече израелскиот министер за одбрана. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан