• понеделник, 18 ноември 2024

Галант до Хохштајн: Континуираните напади на Хезболах се можност за израелска воена акција во Либан

Галант до Хохштајн: Континуираните напади на Хезболах се можност за израелска воена акција во Либан

Тел Авив, 5 март 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одрана Јоав Галант денеска, на средбата со специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток,  Амос Хохштајн, му соошти  дека континуираните напади на Хезболах врз Израел создаваат можност за израелска воена акција во Либан, пренесе „Тајмс од Израел“.

-Ние сме посветени на дипломатскиот процес. Меѓутоа, агресивноста на Хезболах нè приближува до критична точка на одлучување во врска со нашите воени активности во Либан, рече Галант.

Од кабинетот на министерот наведуваат дека за време на средбата во седиштето на министерството во Тел Авив, Галант, исто така, го предупредил Хохштајн дека Хезболах „ги турка страните во опасна ескалација“, додава израелскиот сајт.

Галант и Хохштајн разговараа за секојдневните ракетни и напади со дронови од страна на Хезболах, како и за напорите да се постигне договор за повлекување на либанската група од границата и да се постигне прекин на непријателствата.

Кабинетот на министерот, исто така, информира дека прекинот на огнот на границата ќе им овозможи на раселените жители на северен Израел да се вратат во своите домови. сд/

фото:МО на Израел

Остани поврзан