• четврток, 07 ноември 2024

В понеделник средба на грчката и турската делегација за мерките за градење доверба

В понеделник средба на грчката и турската делегација за мерките за градење доверба

Атина, 9 ноември 2023 (МИА) – Грчката и турската делегација в понеделник во Анкара ќе одржат средба и ќе разговараат за мерките за градење доверба меѓу двете земји, соопштија од Министерството за одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Шеф на грчката делегација ќе биде амбасадорот Теохарис Лалакос, а дел од двете делегации се и високи офицери.

Грција и Турција минатиот месец ги започнаа политичките консултации на ниво на заменици- министрите за надворешни работи и дијалогот за т.н. позитивна агенда, односно соработката, како беше беше договорено меѓу турскиот претседател и грчкиот премиер  и меѓу шефовите на дипломатиите, додека пак на 7 декември во Солун ќе се одржи Висок совет за соработка меѓу двете земји. ср/ссм/

Остани поврзан