• понеделник, 06 јануари 2025

В петок во Анкара средба на Блинкен со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан

В петок во Анкара средба на Блинкен со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан

Aнкара, 11 декември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен в петок ќе ја посети Анкара на разговори со со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавија турските медиуми.

Двајцата се очекува да разговараат за ситуацијата во Сирија откако Башар ал Асад беше соборен од претседателската функција во офанзива на бунтовничките групи.

„САД целосно го поддржуваат процесот на политичка транзиција во Сирија и сакаат тој да доведе до кредибилна и инклузивна влада која не се заснова на верски заедници и ќе ги исполнува меѓународните стандарди за транспарентност и одговорност“, изјави вчера Блинкен. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан