• недела, 22 декември 2024

Вучиќ го осуди нападот врз Трифуновиќ

Вучиќ го осуди нападот врз Трифуновиќ
Белград, 1 јуни 2020 (МИА)Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод нападот врз лидерот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ, рече дека е ужасно кога кој било учесник во политичкиот живот е нападнат, но дека е важно државата да реагира брзо и ефикасно и да ги уапси двајцата напаѓачи. Вучиќ на Твитер напиша дека Трифуновиќ не е личност со која СНС би градела политички сојузи, затоа што неговата политика е речиси целосно спротивна на политиката што ја води тој и неговите СНС, но дека тоа не значи дека некој има право физички да се заканува или да го загрозува. Вучиќ нападот врз Трифуновиќ го гледа како последица на фактот дека постои еден екстремен дел од општеството што нема што да понуди политички, но лично сака да биде на власт. - Нема сомнение дека Владата исто така треба да промени нешто и во таа смисла тој престана да ги споменува политичките противници, да ги напаѓа и да одговора на нивните навреди што ги добива секој ден. Најважно е што ќе се случи во Парламентот, по изборите, на кои, според истражувањето, ќе учествува и партијата на Трифуновиќ, рече Вучиќ. паг/

Остани поврзан