• среда, 26 јуни 2024

Вучевиќ: Србија е подготвена да направи компромиси со Косово

Вучевиќ: Србија е подготвена да направи компромиси со Косово

Белград, 25 јуни 2024 (МИА) - Србија е подготвена да направи „договори и компромиси“ во разговорите со Косово, изјави премиерот Милош Вучевиќ пред состанокот од висок профил меѓу водачите на двата ривали во Брисел оваа недела.

-Ние сме подготвени да направиме договори и компромиси, компромиси што значат дека ниту една страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник, но дека Србија и Албанците мора да бидат подеднакво задоволни - или подобро кажано, подеднакво незадоволни, рече Вучевиќ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан