• среда, 26 јуни 2024

Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија

Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател  бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија

Загреб, 25 јуни 2024 (МИА) - Комисијата за одлучување за судир на интереси отвори случај против хрватскиот претседател Зоран Милановиќ бидејќи ја однел сопругата Сања Мусиќ Милановиќ на фудбалскиот натпревар меѓу Хрватска и Италија во Лајпциг, објави ТВ Нова.

Комисијата го добила извештајот - претседателот и неговата сопруга патувале со државен авион, и нагласуваат дека ќе ги испитаат сите релевантни факти и околности и дека доколку се утврди дека има претпоставки за понатамошна постапка, Милановиќ ќе мора да даде изјава.

Комисијата претходно го отвори случајот за претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ кој со својот син отпатува на мечот со Шпанија со државниот авион. зш/

Остани поврзан