• среда, 14 август 2024

Вучевиќ: Владата има различни ставови за проектот Јадар, но со претседателот за ова нема дисонантни тонови

Вучевиќ: Владата има различни ставови за проектот Јадар, но со претседателот за ова нема дисонантни тонови

Белград, 14 август 2024 (МИА) - Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека нема дисонантни тонови меѓу претседателот на Србија и членовите на Владата во однос на проектот Јадар, но и да во Владата има различни ставови за овој проект, наведувајќи дека не е фер да каже за кои министри станува збор, како и дека „не може да исклучи ниту една опција“, јави дописникот на МИА од Белград.

- Нема поделба меѓу кабинетот на претседателот и владата и различните ставови, а дали сите го поддржуваат, сигурен сум дека не, но ставот на владата е дека треба да разговараме. Ние сме пријатели пред сè, делиме исто вредности, имаме исти политички цели. За проектот Јадар може да слушнете различни ставови, но ништо нема да направиме без да разговараме со претседателот, и ништо нема да направиме преку ноќ, изјави Вучевиќ за РТС.

Тој нагласи дека „не постојат никакви дисонантни тонови“ меѓу Вучиќ и Владата, барем додека тој ја води, наведувајќи дека тие се пријатели и делат исти политички цели.

Вуќевиќ најави дека ќе има разговори со народот, пред сè во оној дел на Србија каде се споменува дека ќе се ископува литиум, но не сакаше да потврди кога ќе почнат тие разговори.

Тој посочи дека „несомнено е дека ова што ни се случува, покрај домашната и странската кујна, има влијание од сите страни, бидејќи тука се спротивставуваат многу интереси“, наведувајќи дека тие што го донесоа Рио Тинто во Србија ги злоупотребуваат граѓаните.

- Тоа го организираа оние кои сакаат политички промени во Србија без избори, но и некои од надвор од сите географски страни на светот, рече Вучевиќ, наведувајќи дека тие се „и од запад и од исток“.

- И од исток, кои мислат дека со тоа ќе се оддалечиме од некакви партнерски односи. Но тој став е нелогичен, па претпоставувам дека ќе дојдат оние што се целосно против вас, па ќе ви бидат подобри од нас … а потоа ќе дојдат тие што целосно ќе ги расипат односите со вас, рече Вучевиќ, оценувајќи дека никој нема да успее да ја урне државата Србија. об/ми/

Остани поврзан