• вторник, 02 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 34 степени. И во недела во попладневните часови претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.

Остани поврзан