• недела, 26 јули 2026

ВРЕДИ бара одговор од властите на Албанија за задржувањето на тројца партиски функционери на Ќафасан

ВРЕДИ бара одговор од властите на Албанија за задржувањето на тројца партиски функционери на Ќафасан

8 јули 2026 

Денес, на граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца беа опремени со дипломатски пасоши, се вели во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници.

Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање.

ВРЕДИ