• понеделник, 06 мај 2024

Гоце Ристовски добитник на Меѓународна награда за драмски автор со особен придонес во современиот театар

Гоце Ристовски добитник на Меѓународна награда за драмски автор со особен придонес во современиот театар

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Во театарот „Маск-Кара“ во Истанбул на македонскиот прозаист, драмски автор, литературен и те­а­тар­ски кри­ти­чар, есе­ист, ко­лум­нист, ана­ли­ти­чар, ли­те­ра­ту­рен пре­ве­ду­вач и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор на македонскиот писател Гоце Ристовски му беше врачена Меѓународна награда за драмски автор за особен придонес во современиот театар во светот.

На свечената церемонија, меѓу останатите, присуствуваа и генералниот конзул на земјава во Истанбул, Актан Аго, директори на повеќе турски театри и истакнати актери, режисери, драмски автори и театарски дејци од Турција и странство.

Наградата на Ристовски му ја врачи актерот и режисер Назиф Услу.

Гоце Ристовски е роден на 8 април 1958 година во Осиче, паланечко. Работел како новинар во „Нова македонија“. Тој е член е на Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Бал­кан­ска­та мре­жа за кул­ту­ра и кул­ту­ро­лош­ки сту­дии, на Здру­же­ни­е­то на но­ви­на­ри­те на Ма­ке­до­нија, на Свет­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на те­а­тар­ски кри­ти­чари.

Не­го­ви тек­стови, ли­те­ра­тур­ни и те­а­тар­ски при­ло­зи и кри­ти­ки и на­уч­ни сту­дии се об­ја­ву­ва­ни во „Сло­бод­на Дал­ма­ција”, „Поља”, „Спи­за­лит”, „Раз­гледи”, „Ма­га­зин 21”,„Млад Бо­рец” „Сцена”, „Те­а­тар­ски глас­ник” и на по­ве­ќе портa­ли во зем­ја­та и стран­ство, а не­го­ви книги се про­да­ва­ат на зна­чај­ни ин­тер­нет про­дав­ни­ци и биб­ли­о­те­ки во САД и Европа.

Не­го­ва­та дра­ма „9”, пра­из­ве­де­на во 2016 година на Го­ле­ма­та сце­на во Кул­тур­ни­от цен­тар во Нови Сад, е преведена на јазиците на поранешните југословенски републики, на бугарски и на руски јазик. Македонската премиера беше на крајот на 2021 година.

Ав­тор е на повеќе романи, монографии, есии, антологии, зборници, сценарија за документарни филмови

Во 1999 го­дина ја до­бива Држав­ната наг­ра­да за но­ви­нар­ство и пуб­ли­цис­ти­ка за мо­ног­ра­фи­ја­та „Шиш­ков”, до­бит­ник е на Вто­ра наг­ра­да на кон­кур­сот на „Сту­ден­тски збор” за кра­ток рас­каз, на наг­ра­да­та „Проз­ни мај­с­тори” за ро­ма­нот „Вра­му­ва­ње во пус­те­лија”, на Ме­ѓу­на­род­на­та награ­да Ergo sum за афир­ма­ци­ја и по­пу­ла­ри­за­ци­ја на те­а­тар­ска­та умет­ност, на наг­ра­да­та „Свети Јо­а­ким Осо­гов­ски” за осо­бен при­до­нес за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и те­а­тар, на наградата Скриптфест за филмско сценарио, каки и на дру­ги приз­на­нија. свс/сп/

Остани поврзан