Во Јужна Америка повеќе од 100.000 луѓе заразени со Ковид-19
- Во Јужна Америка од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус инфицирани се 109.000 луѓе, од кои 4.900 починале, се наведува во официјалните податоци за континентот
Каракас, 20 април 2020 (МИА) – Во Јужна Америка од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус инфицирани се 109.000 луѓе, од кои 4.900 починале, се наведува во официјалните податоци за континентот.
Најголем број на инфицирани и починати има во Бразил, каде 38.654 се заразени со Ковид-19, од кои 2.462 починале. Во Перу инфицирани се 15.628 лица, од кои 400 починале, додека во Чиле се регистрирани 10.088 лица позитивни на Ковид-19 и 133 смртни случаи.
Мексико, која е втора најнаселена држава во Јужна Америка, регистрирани се 8.261 пациенти, од кои 686 починале.
Во Еквадор регистрирани се 9.468 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 474 починале. ми/