• сабота, 18 мај 2024

Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови

Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови
Токио, 4 август 2022 (МИА) - Во обилните дождови во северна Јапонија има урнато мостови и излеани реки, а 200.000 жители беа повикани да ги напуштат погодените области.
Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.
На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја во калта во близина на планинската станбена зона, како и поплавени куќи и целосно урнат мост.
Јавниот сервис НХК објави дека се издадени необврзувачки известувања за евакуација за 200.000 жители во петте префектури во земјата - Нигата, Јамагата, Фукушима, Ишикава и Фукуи.
Сообраќањето на некои брзи возови (шинкасен) е прекинато во погодените области.
Во 2021 година, обилните дождови предизвикаа огромно лизгање на земјиштето во Атами, централна Јапонија, при што загинаа 27 луѓе.
Во 2018 година, од лизгање на земјиштето и поројните поплави загинаа повеќе од 200 луѓе во западна Јапонија за време на годишната сезона на дождови.
Според научниците, затоплувањето ги зголемува ризиците од интензивни дождови во Јапонија, како и на други места во светот. паг/
   

Остани поврзан