• петок, 22 ноември 2024

Во Швајцарија недостапни телефонските броеви за итни случаи

Во Швајцарија недостапни телефонските броеви за итни случаи
Берн, 9 јули 2021 (МИА) - Во Швајцарија телефонските линии на кои граѓаните ги повикуваат итни служби од синоќа се недостапни за повици од фиксните телефони во повеќето делови на земјата. Кантоните брзо ги заменија телефонските броеви на веб-страницата „АлертСвис“ (AlertSwiss), портал за управување со итни случаи. Во дефект се телефонските линии посебно во големите градови како Цирих, Берн и Женева. Причината за дефектот се уште не е позната, и, според операторот „Свиском“, во моментов има проблеми со повиците од фиксната мрежа, врската се воспоставува, но прекинува по неколку секунди, додека нема проблеми со повиците од мобилните телефони. ми/

Остани поврзан