Во четврток 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка
- Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка. „Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка.
„Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ е темата на која ќе говорат Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.
Сесијата ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а ќе почне во 14 часот. По презентацијата на трудовите, предвидена е дискусија.
Заинтересираните истражувачи кои сакаат да учествуваат на сесијата ќе можат да се пријават најдоцна до среда на е-адресата: info@nbrm.mk.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. бак/са/