• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешки средношколци ги посетија учениците од Техничката Школа од Власотинце, Србија

Велешки средношколци ги посетија учениците од Техничката Школа од Власотинце, Србија

Велес, 15 април 2025 (МИА) - Ученици и професори од Државното средно училиште Регионален центар „Коле Неделковски“ од Велес изминатата недела ги посетија учениците и наставниците од Техничката Школа во Власотинце, Србија. Учениците од двата смера електротехнички и машински од двете училишта кои се вклучени во дуалните паралелки во Македонија и Србија имале заднички практични работилници и демонтрации, а присуствувале и на нивните наставни часови. Тие го посетиле и Машинскиот факултет во Ниш каде биле запознаени со опремата и нивните работилници и посетиле една фирма.

По враќањето од Србија во Велес, од училиштето нагласија дека учениците научиле многу. Учениците посочија дека посакуваат во нивната училишна работилница да имаат посовремена работилница и посовремени машини какви што имале нивните другарчиња од Србија.

Професорот Горан Бузалковскиво изјава за МИА истакна дека заедничко е и тоа што двете средни училишта имаат добиено проект во рамките на регионалниот Фонд за иновации Челинч Фонд. Потенцира дека нивните колеги во Власотинце во рамки на проектот веќе ја опремиле својата училишна  машинска работилница со најсовремени машини и алатки. Воедно, како што нагласи, и тие планираат најдоцна до септември да ја опремат работилницата во велешкото државно средно училиште „Коле Неделковски“ со финсиските средства кои ги добија преку овој Фонд во висина од околу 500 илјади евра. Во септември во училиштето во Велес се очекува во возвратна посета да дојдат професорите и учениците од Техничката Школа од Србија.

-Ние во овој проект сме во почетна фаза. Правиме подготовка да почне реновирањето на машинската работилница во нашето средно стручно училиште. Воедно, во рамки на проектот имаме добиено опрема, а која треба да се набави од регионалниот Фонд за иновации Челинч Фонд. Опремата е во вредност од околу 500 илјади евра. Треба да се најде набавувач фирма за најсовремени ЦНЦ машини и опрема за заварување, за опремување на нашата работилница, рече професорот Бузалковски потенцирајќи дека Техничката Школа во Власотинце располага со врвни софистицирани машини вредни неколку стотици илјади евра што овозможуваат успешно изведување на практичната обука на учениците.

Ученикот Давид Николов за МИА истакна дека победил на натпревар меѓу учениците на најсовремен апарат за симулација на заварување, на кој може да се подесуваат повеќе опции за какво било заварување со електрода, со ЦО2 заварување. 

Ученичката Виолета Влахчева, која учи за еектротехничар со компјутерска технологија смер електро програмирање, нагласи дека при посетата во Техничката Школа во Власотинце научила за посебно направени табли на кои може да се мери отпор, напон ,да се поврзува.ад/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан