Во Црна Гора 28 пратеници земале над 2.000 евра плата
- Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми.
Подгорица, 5 декември 2024 (МИА) - Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми.
Платите на пратениците се повисоки од 1 октомври, а со Предлог-измените на Законот за платите на вработените во јавниот сектор, предложен од Владата, се планира нивно зголемување во просек за околу 600 евра.
Претседателот на Собранието Андрија Мандиќ имал најголема заработка во ноември, 2.793 евра. Повеќе од 2.000 евра добил и потпретседателот на Собранието Никола Чамај 2.640 евра и други пратеници. мс/
фото: МИА архива