• петок, 28 јуни 2024

Во Хрватска отворен првиот бар на плажа за кучиња

Во Хрватска отворен првиот бар на плажа за кучиња

Пула, 20 јули 2023 (МИА) - На плажата „Хидробаза“ во Пула, Хрватска, беше отворен првиот бар за кучиња на плажа. Го доби името по ономатопејата на кучето - „Вау“ (Wau).

Освен што милениците имаат плажа само за себе и за своите сопственици, по капењето сега можат да се освежат и со пиво за кучиња, па сладолед за кучиња и бројни други грицки наменети за нив, објави хрватски „Индекс“.

Жителите на Пула и нивните четириножни пријатели сега можат целосно да уживаат во летото, велат околните љубители на животни.  си/сд/

Фото: МИА архива.

 

 
 

Остани поврзан