• вторник, 14 јануари 2025

Во Хаити поради бандите раселени над еден милион луѓе

Во Хаити поради бандите раселени над еден милион луѓе

Порт-о-Пренс, 14 јануари 2025 (МИА) – Во Хаити раселени се повеќе од еден милион луѓе поради насилствата од бандите, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на Обединети нации.

Според ИОМ, минатата година насилствата од бандите е зголемено за трипати.

- Во декември 2023 година регистриравме 315.000 раселени лица поради насилство. Една година подоцна, тој број се зголеми за повеќе од тројно, достигнувајќи над еден милион раселени поради насилство на бандите на Хаити, посочи портпаролот на ИОМ, Кенеди Омонди. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан