Во Франција повеќе од 1.000 акти на антисемитизам од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел
- „Бројот на антисемитски активности експлодираше“, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за Франс 2.
Париз, 6 ноември 2023 (МИА) - Француската влада соопшти дека во земјата дојде до експлозија на антисемитското насилство по почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, затоа што во овој период се регистрирани 1.040 злосторства и 486 уапсени.
„Бројот на антисемитски активности експлодираше“, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за Франс 2.
Меѓу 486-те уапсени, 102 се странци, додаде тој. сд/