• недела, 22 декември 2024

Во Франција осуден поранешен лекар на 24 години затвор за вмешаност во геноцидот во Руанда

Во Франција осуден поранешен лекар на 24 години затвор за вмешаност во геноцидот во Руанда

Париз, 20 декември 2023 (МИА) - Поранешниот лекар Состен Мунјемана, вмешан во геноцидот во Руанда, е осуден во Франција на 24 години затвор, јавија локалните медиуми.

-Судењето на Состен Мунјемана (68), кое започна на 14 ноември, заврши во вторникот, што резултираше со тоа што парискиот кривичен суд го осуди за геноцид, злосторства против човештвото и заговор за извршување злосторство, објавија франвуските медиуми. 

За време на судската постапка, Мунјемана ги негираше наводите дека користел канцеларија во јужна Руанда за да држи група етнички Тутси кои подоцна биле однесени на други локации и егзекутирани.

Мунјемана тврди дека ималl намера да ги спаси Тутсите и да ги задржи во канцеларијата како светилиште и додаде оти не знаел дека Тутсите ќе бидат убиени на локациите каде што биле однесени и признал дека можеби бил измамен.

Геноцидот во Руанда се случи во 1994 година, кога екстремистите Хуту убија припадници на малцинската етничка група Тутси. Се проценува дека околу 800 илјади Тутси и умерени Хути биле убиени за време на 100-дневното крвопролевање. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан