• вторник, 05 ноември 2024

Во Франција вандализирани центри за вакцинација

Во Франција вандализирани центри за вакцинација
Париз, 19 јули 2021 (МИА) -  Два центри за вакцинација во Франција се уништени за време на викендот, кога се одржуваа протести против воведувањето на построги мерки против пандемијата со Ковид-19. Едниот центар за вакцинација е вандализиран и поплавен во петокот вечерта, додека следниот ден делумно е уништена клиника, во која бил подметнат пожар. Во саботата ширум Франција излегоаа над 100.000 луѓе на протести поради на новите мерки, што предвидуваат здравствена пропусница и задолжителната вакцинација на вработените во здравствениот сектор. ми/

Остани поврзан