Во Украина досега се вратени 385 деца депортирани во Русија, Киев тврди дека се 19.000
- -СОС Детското село ги поддржува родителите со тоа што понекогаш им става на располагање финансиски средства или им помага да ја испланираат својата маршрута, изјави Ана Ридл, портпаролка на организацијата, опренесуваат француските медиуми.
Киев, 11 август 2023 (МИА) – Вкупно 385 украински деца депортирани во Русија досега се вратиле кај своите семејства, покажува бројката што денеска ја потврди здружението СОС Детско село, кое учествува во репатријацијата на децата.
-СОС Детското село ги поддржува родителите со тоа што понекогаш им става на располагање финансиски средства или им помага да ја испланираат својата маршрута, изјави Ана Ридл, портпаролка на организацијата, опренесуваат француските медиуми.
Во Украина досега се вратени вкупно 385 депортирани деца, од кои 84 со помош на СОС Детско село и нивните партнерски организации, соопшти оваа невладина организација, една од трите актери кои работат на ова поле.
„Често самите деца се тие кои повикуваат на помош, на пример преку социјалните мрежи, а понекогаш жителите на окупираните области ни даваат индиции“, напиша вчера организацијата со седиште во Инсбрук.
Таа обучува социјални работници и психолози за да можат да обезбедат целна поддршка на малолетниците и нивните семејства.
Меѓународниот кривичен суд во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство „незаконско депортирање деца“.
Според официјалните податоци од Киев, во Русија се депортирани над 19.000 украински деца. сд/
фото:ЕПА