• петок, 17 мај 2024

Во тетовската библиотека донирани книги од 50 полски автори преведени на македонски јазик

Во тетовската библиотека донирани книги од 50 полски автори преведени на македонски јазик

Тетово, 24 февруари 2024 (МИА) - Љубителите на пишаниот збор во иднина во тетовската библиотека ќе може да најдат 50 книги преведени на македонски јазик од полски автори. Книгите се донација од Амбасадата на Полска во Скопје, како дел од проектот „Полска полица-книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки“. 

- Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од Библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и тој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. ас/бд/

Фото: Библиотека „Кочо Рацин“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан