Во Тетово промовирана платформа која нуди поддршка за почнување зелени бизниси
- Студенти и млади од Тетово денескa на Универзитетот на Југоисточна Европа имаа можност да слушнат за можноста да почнат таканаречен зелен бизнис со поддршка од Европската унија. Проектот и интернет платформа Green Up Yourself има за цел да го промовира отворањето бизниси кои покрај профит и вработување, ќе имаат за цел заштита на животната средина.
Тетово, 4 декември 2024 (МИА) - Студенти и млади од Тетово денескa на Универзитетот на Југоисточна Европа имаа можност да слушнат за можноста да почнат таканаречен зелен бизнис со поддршка од Европската унија. Проектот и интернет платформа Green Up Yourself има за цел да го промовира отворањето бизниси кои покрај профит и вработување, ќе имаат за цел заштита на животната средина.
- Денес со младите дознаа како може да ги зајакнат нивните знаења и вештини во областа на зеленото претприемништво и зелените вештини, се со цел да се охрабрат и да се мотивираат и да видат кои чекори може да ги преземат да бидат успешни зелени претприемачи. Платформата е креирана во соработка со организации и институции од Шпанија, Италија, Кипар, Грција и Словенија. Оваа платформа е водена од ментори во зелено претприемништво, воедно и експерти кои имаат што да понудат и ќе бидат достапни на самите студенти за понатаму, изјави Марина Тошевска од организацијата Агролидер која е македонски партнер во проектот.
Таа го пренесе и нејзиното искуство преку проектот со кој почнала производство на грицки за домашни миленици од кланичен отпад што е пакуван во рециклирана амбалажа
- На тој начин помагам во управување на отпад од кланичко потекло којшто итекако влијае многу на емисијата на стаклени гасови. Веќе користиме енерго-енергетски ефикасни практики во производство и влијаеме на потрошувачката на електрична енергија, на секој начин гледаме да вклучиме сите аспекти, нашиот бизнис да биде промовиран како зелен бизнис во областа на циркуларната економија. Последните години сме сведоци на големи промоции на зелени бизниси коишто прават промени во заедниците и ги поттикнуваат останатите бизнис ентитети да можат да го воведуваат зелени начини на производство. Верувам дека се повеќе млади ќе предводат зелени бизниси, а ние како држава ќе создадеме едно еколошко одржливо општество и ќе имаме социо-економски развој, истакна Марина Тошевска.
Зеленото претприемништво подразбира работа со сончеви колектори, реупотреба на облека компостирање, органско земјоделство и слично. ас/дма/
фото: МИА