• петок, 05 декември 2025

Во тек систематски здравствени прегледи на идните првачиња во Велес и поширокиот регион

Во тек систематски здравствени прегледи на идните првачиња во Велес и поширокиот регион

Велес, 14 мај 2025 (МИА) - Во Службата за [колска превентивна медицина при Здравствен дом Велес, во тек се систематските здраствени  прегледи за идните првачиња, кои започнаа на 5 мај и ќе траат до 20 август годинава. Во овој перод здравствениот тим на оваа служба треба да прегледа вкупно 700 деца родени во 2019 година, од градот и Општина Велес, како и од општините Градско и Чашка, а кои од септември треба да седнат во училишните клупи. Лекарите специјалисти  и медицинските сестри дневно вршат по 15 прегледи со претходно закажување за термин.

Д-р Тања Самаракова раководител на Службата за школска превентивна медицина информира дека од досега извршените медицински  прегледи, забележани се дечиња кои имаат рамно стопало, мали свиткувања кон внатре или надвор, како вродени деформитети, а коишто можат да се корегираат со лекарски прегледи кај специјалисти ортопеди и  со носење на ортопедски помагала. 

- Тоа што сакам да го издвојам, што од година во година се зголемува, е бројотна дечиња со говорни потешкотии, како и со отстапувања од психофизичкиот развој. Тоа се должи на големата употреба на мобилни телефони кај најмалите децата, како и на  помалиот ангажман на родителите во комуникацијата со своите деца, неизлегувањето надвор од домот за игри со други деца,  а особено кај  децата  кои не посетуваат градинка. Постојат повеќе аспекти на забавениот психофизички развој и сакам да потенцирам дека на децата посебно  дека им недостасува  социјализација, потенцира д-р Самаракова..

Додава  дека иако  ретко, во просек од од три до пет на годишно ниво, има случаи на деца чии родители ги носат на систематски преглед за првачиња, а без да ги имаат примат сите пропишани дози на  вакцини според Националниот календар за имунизација издаден од Министерството за здравство.

Во таков случај  родителите потпишуваат изјави дека нема да дозволат МРП вакцинирање на децата поради страв или неверување во квалитетот на вакцините.

Таа информира дека во оваа здравствена служба, како и во службата за  детска превентива, наменета  за деца од претшколска возраст, со години се забележани и обиди на родители кои со потврди без законски потребни информации за серија, вид, производител и доза на МРП , сакаат да прикажат дека нивните  деца им ги вакцинирал лекар во Бугарија. Постојат и такви случаи кога потврдата е издадена од странски лекар со сите потребни информации за примената доза на дадена вакцина.ад/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан