• недела, 26 јули 2026

Во тек исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 9 јули 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за  јуни 2026 година.

-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе може да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти МСПДМ. хс/дма/

Фото: МИА архива