• сабота, 18 мај 2024

Во тек е процедурата за прибирање документација за лицата со попреченост за повластено паркирање за календарската 2024 година

Во тек е процедурата за прибирање документација за лицата со попреченост за повластено паркирање за календарската 2024 година

 Скопје, 16 ноември 2023

Ги потсетуваме граѓаните дека во тек е процедурата за прибирање на барања од страна на лицата со попреченост (ЛП) за користење на повластени услуги за паркирање за календарската 2024 година.

За таа цел, ги повикуваме лицата со попреченост, жители на град Скопје, да достават уредно пополнето Барање и во прилог да ги достават следните документи:

1. Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;

2. Лична карта од лицето со посебни потреби на увид

3. Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;

4. Инвалидска книшка на увид;

5. ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид;

6. Лекарски наод од специјалист на увид.

Лицата кои веќе се имаат стекнато со дозвола за повластено паркирање за ЛП за календарската 2023 година, при поднесување на документација за наредната 2024 година, потребно е да ги достават само документите наведени под реден број 1, 2 и 3.

Исто така, согласно „Програма за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2024 година“, право за повластено користење имаат лицата со следните дијагнози:

- Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Доколку лицето со попреченост не е во можност лично да ги достави документите, тоа може да го направи негов роднина или близок, со потпис од корисникот на барањето и комплетната документација во прилог.

Ги повикуваме сите заитересирани лица да ја достават потребната документациja во канцеларијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15а (во зградата до катна гаража „Беко“), до 7.12.2023.

 

ЈП Градски паркинг- Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан