Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за декември 2024 година
- Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за декември 2024 година.
Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за декември 2024 година.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка, соопштија од Министерството за социјална политика, демографија и млади, ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.
- Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: - 03.01.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ - 08.01.2025– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, се додава во соопштението. цр/са/
Фото: МИА архива