• среда, 17 јули 2024

Во тек е аплицирање за сместување во студентските домови за бруцоши

Во тек е аплицирање за сместување во студентските домови за бруцоши
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16 септември 2022 година. -Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот, кој е објавен на посочениот портал и од каде треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата, се наведува во соопштението. Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември 2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. мд/дма/

Остани поврзан