Во Струмица почна исплатата на штетите од природни непогоди од 2016 до 2018 година
- Општина Струмица денеска почна со исплата на штетите од природните непогоди кои го погодија регионот од невремето проследено со снег и град, во 2017 и 2018 година.
Струмица, 16 септември 2022 (МИА) - Општина Струмица денеска почна со исплата на штетите од природните непогоди кои го погодија регионот од невремето проследено со снег и град, во 2017 и 2018 година.
Средствата се исплаќаат врз снова на одлуката на Владата донесена на 23 август годинава, а вкупната вредност на штетата во Струмичко е проценета на над 40 милиони денари, од кои според одлуката, ќе се исплатат 10 отсто.
Според информациите од Општина Струмица, исплатата ќе се изврши во два дела и тоа првата половина од средствата се исплатени денеска кон граѓаните и правните лица, а втората половина ќе се исплати најдоцна до крајот на годината.
Од Општината додаваат дека средствата ќе се трансферираат од посебна сметка согласно Законот за заштита и спасување.
Инаку, најголем дел од проценетата штета се однесува на невремето од јули 2018, кога беа зафатени атарите на населените места Муртино, Сачево и Дабиле, а штетата изнесуваше 34 милиони и 397.748 денари и притоа биле зафатени 102,6 хектари обработливи површини.
Тогаш до Комисијата за проценки на штетата биле поднесени 358 барања, а од 2017 година околу 40.рт/бт/