• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица на неколку локации поставени инсталации и постери со пораки за правата на жените

Во Струмица на неколку локации поставени инсталации и постери со пораки за правата на жените

Струмица, 9 март 2024 (МИА) - Со пост-осмомартовска акција - „Славењето заврши, време е да се вратиме во реалноста“ и еден ден по завршувањето на прославата и забавата по повод 8 Март во струмичките угостителски објекти, на неколку локации во Струмица се поставени урбани инсталации и постери со пораки за правата на жените.

Како што стои во соопштението за оваа урбана акција, целта е насочена кон подигање на свеста кај целокупната јавност за женските права и слободи.

-Пораките имаат за цел да ги поттикнат и локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост, преку поголема вклученост на жените, девојките и граѓанските организации кои работат во областа на женските права во процесите на развој на локалните политики и во процесите на одлучување, напишаа организаторите.

Инаку, акцијата ја спроведоа Центарот за современа уметност од Скопје и Организацијата на жени од Струмица. рт/дма/

Фото: Организатори

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан