• вторник, 05 ноември 2024

Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието седници на две комисии

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на законот за средното образование и Предлог на законот за стручно образование и обука, и двата во прво читање.

На дневен ред на седницата на Законодавно правната комисија се неколку точки - Предлог на законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот, Предлог на законот за финансиски инструменти, Предлог на законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на законот за виното, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, Предлог на закон за правда на децата, сите во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Предлог на законот за рибарство и аквакултура, и двата по скратена постапка.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан