• вторник, 24 декември 2024

Во Собранието седница на Законодавно правната комисија

Во Собранието седница на Законодавно правната комисија

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска 220. седница ќе ја одржи Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансирање на зелени и општествено одговорни инвестиции и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница е и Барањето за давање на автентично толкување на член 13 од Законот за пожарникарство -пречистен текст (Службен весник на РМ бр.168 од 21.11.2017 година), поднесено од градоначалникот на Општина Гевгелија.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан