• вторник, 24 декември 2024

Во Собранието продолжува комисиската расправа за избор на судии во Уставниот суд

Во Собранието продолжува комисиската расправа за избор на судии во Уставниот суд
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Вчера комисијата ја продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, да биде уставен судија. Претходно, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд. Пратениците досега, освен за Васиќ Бозаџиева, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот. сст/мд/

Остани поврзан