• сабота, 21 декември 2024

Во Скопје се одржа Регионална работилница за најдобрите практики за здруженијата на жени во полицијата

Во Скопје се одржа Регионална работилница за најдобрите практики за здруженијата на жени во полицијата

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска се одржа Регионална работилница за најдобрите практики за здруженијата на жени во полицијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Изразувајќи целосна поддршка на процесите за квалитетно имплементирање на родовите политики, пред се во поглед на родовата рамноправност, како и во поглед на потребата за асоцијативно организирање, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев во своето поздравно обраќање истакнал дека досегашните искуства и практики јасно покажуваат дека жените во МВР по однос на нивниот професионален ангажман можат и знаат, да се носат со сите предизвици, вклучително и на безбедносната професија, а во голем дел од областите, особено на полициското работење, да бидат далеку поуспешни, поефикасни, поделотворни и од нивните машки колеги.

Како што информираат од МВР, на работилницата свои излагања имале и Муамет Реџепи, помошник министер на Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка и Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Инаку на работилницата, како што наведуваат од МВР,  претставници на повеќе полиции од регионот а врз основа на компаративните анализи и постоечки практики од функционирањето на здруженија на жени во полициите во земјите од ЈИЕ во три посебни панели дискутирале за искуствата и идеите за натамошно функционирање на таквите здруженија, а кои се во интерес за повкалитетен статус и професионални перспективи на жените во полицијата.фф/аа/

Фото: МВР

 

 

Остани поврзан