• петок, 22 ноември 2024

Во Скопје санкционирани 345 возачи, 173 за брзо возење

Во Скопје санкционирани 345 возачи, 173 за брзо возење

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Вкупно 345 мерки, меѓу кои 173 за возење повеќе од дозволената брзина  санкции, се изречени во текот на вчерашната контрола во областа на сообраќајот што ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, 27 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за управување под дејство на алкохол...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан