• недела, 22 декември 2024

Во Скопје санкционирани 181 возач

Во Скопје санкционирани 181 возач

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - На територија на град Скопје, припадниците од Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изрекле 181 мерка.

Како што денеска соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени мерки, 20 санкции се за возење без возачка дозвола, 76 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за нерегистрирани возила...

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. фф/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан