• понеделник, 01 јули 2024

Во Скопје изречени 100 сообраќајни санкции

Во Скопје изречени 100 сообраќајни санкции

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на редовните сообраќајни контролите.

Како што соопшти МВР, меѓу казните 14 се за возење без возачка дозвола,10 санкции за користење мобилен телефон при возење и осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан