• понеделник, 23 декември 2024

Во Сибир регистрирани рекордни 38 степени

Во Сибир регистрирани рекордни 38 степени
Москва, 21 јуни 2020 (МИА) - Рускиот град Верхојанск во Сибир, познат по тоа дека има најекстремни температури во светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба. Градот се наоѓа во арктичкиот поларен круг, во Република Јакутија, на околу 4.660 километри североисточно од Москва. Верхојанск, со околу 1.300 жители, го држи Гинисовиот рекорд како град со најголеми разлики во температурата, кои се движат и до 105 степени разлика. Најниската регистрирана температура е минус 68 степени и највисоката досега беше 37,2. Поголемиот дел од Сибир оваа година имаа невообичаено високи температури кои предизвикаа пожари на некои места. јт/

Остани поврзан