• петок, 17 мај 2024

Во септември во Будва ќе се одржи самитот „Недела на енергетиката за Западен Балкан“

Во септември во Будва ќе се одржи самитот „Недела на енергетиката за Западен Балкан“
Белград, 30 јули 2022 (МИА) - Самитот „Недела на енергетиката за Западен Балкан“ ќе се одржи од 6. до 8 септември на Будванската ривиера и ќе собере повеќе од 250 учесници од 30 земји, јави дописникот на МИА од Белград. На самитот ќе присуствуваат претставници на властите и енергетски компании од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, како и меѓународни финансиски институции, големи мултинационални инвеститори и консултантски фирми, пишува српскиот бизнис портал за чиста енергија Енергетика.рс. „Неделата на енергетиката за Западен Балкан“ ќе биде можност да започне дијалог за примена на обновливите извори на енергија во регионот и привлекување странски директни инвестиции, со акцент на соларната, ветерната и хидроенергијата, се наведува на веб-страницата на Енергетика.рс Меѓу говорниците и гостите се министерката за рударство и енергетика на Република Србија Зорана Михајловиќ, министерот за енергетика и рударство на Република Српска Петар Ѓокиќ, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија Беким Емини, директорот на Агенцијата за инвестиции на Црна Гора Младен Гргиќ, како и регионалниот директор на ЕБРД за енергетика на Западен Балкан, Франческо Корбо. об/паг/

Остани поврзан