• недела, 26 јули 2026

Во селата во Општина Чашка попладнево повторно вклучена струјата по прекинот од вчерашното невреме

Во селата во Општина Чашка попладнево повторно вклучена струјата по прекинот од вчерашното невреме

Велес, 22 јули 2026 (МИА) – Попладнево околу 14 часот по напорно работа на екипите на ЕВН, електричната струја повторно e вклучена во домовите на жителите во најголем дел од селата во Општина Чашка кои од вчерашното невреме  попладнето  останаа беа струја. Причината за прекинот беше паднат столб од електричен далекувод на ЕВН во близина на Оранжериите на излезот од  населба Чашка.

Како што информира за МИА градоначалникот на Општина Чашка, Суат Шаќири, денеска попладне околу 13 часот паднатите жици и бандерата  од далекуводот и  се запалиле, а биле изгаснати со помош на  екипи на ЈПКД  „Тополка“ од Чашка во координација со општинските служби и тој како градоначалник кои биле на терен по невремето..

Воедно информира дека од вчера и денес тој со своите служби бил постојан на терен каде отстранувале и  стебла од големи паднати  дрвја и други предмети,а паднала и таблата на Општина Чашка на  Пашин мост  на реката Тополка во близина на пругата, но за среќа по несреќа никаде  нема повредени жители.  Mатеријалната штета секаде ќе биде отстранета од општинските служби, или е веќе отстранета, информира Шаќири.

Тој  ги повикува сите жители од Општина Чашка кои претрпеле материјална штета од вчерашното невреме да ја пријават кај општинските служби.

Инаку вчера поради невремето и паднатиот електричен далекувод кај Оранжериите кај населба  Чашка без струја останаа и жителите на селото  Мелница кои вчеравечер ја организираа 4 „Мелничка иселеничка средба 2026“. Но, сепак, благодарение на претходно обезбеден агрегат самите си вклучија струја и програмата  се одржа, но без улично осветлување. Селото беше во мрак, а движењето на домаќините и гостите низ селото  и до  спортските терени на училиштата каде беше поставена бината за програмата ги регулираа екипи на Полициската станица од Чашка.ад/са/

Фото Општина Чашка

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа