• понеделник, 25 ноември 2024

Во северна Италија стапија на сила ограничувањата поради смогот

Во северна Италија стапија на сила ограничувањата поради смогот

Рим, 20 февруари 2024 (МИА) - Во северната италијанска област Ломбардија стапија на сила ограничувањата што вчера ги воведоа италијанските власти поради смог, јави ДПА.

Ограничувањата вклучуваат делумна забрана за дизел автомобили и целосна забрана за пожари на отворено, како и забрана за употреба на одредени печки на дрва, објавија локалните медиуми.

Мерките се однесуваат за Милано и уште осум провинции во регионот на Ломбардија.

Високото ниво на ситни честички веќе некое време предизвикува проблеми во густо населените области во северна Италија.

Во неделата, Милано на моменти беше трет најзагаден град во светот според рангирањето на приватната швајцарска еколошка компанија IQAir. Само воздухот во главниот град на Бангладеш, Дака, и во Ченгду, Кина, беше позагаден од Милано.

Во зима, смогот е познат проблем во некои големи италијански градови. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан