• недела, 17 ноември 2024

Во Северна Ирска измерени рекордни 31,2 степени Целзиусови

Во Северна Ирска измерени рекордни 31,2 степени Целзиусови
Белфаст, 18 јули 2021 (МИА) - Во Северна Ирска вчера е измерена рекордно висока температура на воздухот. Во Беливетикок во округот Даун вчера се измерени рекордни 31,2 степени Целзиусови. Претходниот рекорд беше поставен во летото 1976 и во 1983 година, кога беа измерени 30,8 степени. И во Англија и во Шкотска се измерени рекордно високи температури. Во Линтон-на-Ус во Северен Јоркшир измерени се 30,7 степени, а во Уск во Монмутшир, Велс температурата се искачи до 29 степени. Во Дру, Дамфрис и Галовеј, Шкотска измерени се 28,2 степени Целзиусови. ми/

Остани поврзан